Компјутерски кројачи

previous arrow
next arrow
Shadow
Slider

Компјутерски кројач

       Автоматски кројач за кроење на неоплеменети и оплеменети плочи од иверица со вештачки или природни материјали. Контролна управувачка единица и страничен граничник се наоѓаат од лева страна. Исечокот е прецизен и точен со точна мерка без оштетување.

 

 

Посебни предности

 

 

  • Работна брзина на количка со пили од 0 – 100 m/min
  • Мотор за главна пила од 11KW, регулаиран со уред за мек старт
  • Брзина на туркач – 100 m/min, напред 80 m/min
  • Компјутерско прилагодување на потсекувач
  • Компјутерско прилагодување на висина на главна пила
  • Гоматик управувачки систем
  • 17“ Full HD Multitouch екран и индустриски компјутер

 

 

Туркач

          Материјалот се позиционира на линија за сечење со помош на туркач.

При поместување, туркачот е потполно прецизно и паралелно воден преку забчеста летва и линеарни водилки со силна греда во чие што седиште е поставен трифазен серво мотор.

Предности:

  • Робусните H-греди на задната маса даваат долготрајно и прецизно позиционирање
  • Погон по пат на забчеста летва и запчаник – автоматско подмачкување
  • Безконтактен систем за мерење
  • Прецизно позиционирање
  • Без абење и потреба од оддрживање
  • Мерењето е потполно независно од погон со прецизност +- 0.05 mm
  • Кратка робусна клешта
  • Без ефекти на кривење
  • Без лизгање на материјалот

 

 

 

Работна маса на машина

 

          Предната страна на машината е опремена со големи компакт плочи кои се отпорни на оштетување. Обезбедена е потполна стабилност на машината.

Едноставна промена на  компактните плочи доколку се изабат со текот на времето.

 

Воздушна греда

 

          Воздушна греда е двострано водена. Обезбедува рамномерен притисок на вкупна површина на материјал. Минимално кревање над материјалот заштедува до 30% од потребниот притисок за работа на гредата. Профилот на воздушната греда овозможува максимална аспирација на честички од отпадот.

Интегрирана сигурносна завеса која нуди потребна заштита за операторот на машината.

 

Количка со пила

 

          Поместување на количката со пили е засновано на робусна и челична конструкција. Опремена е со засебен мотор за главна пила и засебен мотор за потсекувач. Системот за водење на количка со пили е поставен во непосредна близина на линија на сечење која спречува настанување на вибрации и нивно влијание на квалитетот на исечокот.

 

Погон преку забчеста летва овозможува:

  • Брзо поместување со брзина до 100m/min
  • Без подмачкување и одржување
  • Нема вибрации
  • Прецизно позиционирање со серво мотор
  • Кревање на главна пила и потсекувач е водено двострано со линеарни водилки и автоматско подмачкување
  • Подесување на висина на пила преку електричен мотор

 

Страничен притискач

 

          Страничен притискач е уред кој е интегриран на колика со пили. Страничен притискач програмски се крева преку линија за сечење и ги притиска плочите спрема масивниот страничен граничник. Позиционирање на страничен притискач се изведува со самата количка со пили, со што времето на циклусот за сечењето е намалено на минимална вредност.

 

GOMATIC

 

          Базиран на индустриски компјутер прилагоден за работа во дрвна индустрија со неколку режими на работа. Едноставно и брзо наоѓање на кројна шема.

– Рачна работа за брзо отсекување или подрабување на саканата димензија

– Формирање на парче за подрабување од 4 страни со еден клик

– Работа по кројна шема со 2D приказ во реално време и означување на готови елементи и елементи потребни за работа

– Дијагностика на грешки со прикажани услови за работа

 

 

 

 

Хардвер

 

– Контактрои и релеа, SCHRAK

– Компјутер со i5 процесор и Windows 10, 17“ монитор

– Интернет конекција со LAN и WiFi

– RS232, USB порти

 

Технички параметри

 

Должина влечење на материјал – 3300 mm

Ширина на сечење на материјал – 3300 mm

Висина на пила – 80 mm

Дијаметар на главно сечило – Ф380 mm

Брзина на главно сечило – 4100 rpm

Дијаметар на потсекувач – Φ180

Брзина на потсекувач – 6200 rpm

Мотор за потсекувач – 1.5 KW

Мотор за погон на количка со пила – 1.1 KW (AC Servo)

Мотор за погон на туркач – 1.5 KW (AC Servo)

Мотор за амортизатори со висок притисок на дување – 1.5 KW

Вкупна моќност- 25 KW

Користење на воздушен притисок – 6-7 kg/cm^2

Висина на работна површина од земја – 920 mm

Димензии на машина – 5100×5100×1800 mm

 

Оптимизација

– GOMATIC лесно се поврзува на мрежа или интернет така што кројните листи може да се повикуваат директно од далечински компјутер или да се пренесуваат преку USB или друг мемориски уред.

– Инсталација на софтвер за оптимизирање на повеќе компјутери

– Компактибилен со MARETTA и MawinHal софтвери за оптимизација

 

Јазична поддршка

– македонски јазик

– англиски јазик

– албнаски јазик

 

Подршка за печатач

Лесно поврзување со печатач за печатење на лабели со ознака за димензија на материјал, кантирање, опис на парче…

– Печатање на лабели за остатоци од материјал овозможува брз и лесен преглед на магацин

 

Документација и инсталција на софтвер

– Електрична шема на поврзување на македонски или англиски јазик

– Инсталација од GOMATIC на USB

 

On-Line подршка

– Поврзување преку TeamViewer или АnyDesk за далечинска дијагностика и помош преку интернет

 

Тренинг за работа– До целосно усовршување на програмот од страна на операторот за ракување со машина