GSS320-D

09/03/2020

Елегантна и цврста лизгачка маса.

Лизгачка маса – Срцето на кројачот

Прецизна и глатка работа со долгорочна сигурност. Ова се предуслови за економски успех со овој кројач со лизгачка маса.

Сите операции во дрвна индустрија започнуваат со прецизно кроење. Масата на GSS320-D серија, лизга прецизно и глатко. Водилките се цврсти кружни прачки кои ја носат лизгачката маса и прават робутсна. Докажан дизајн за константно задоволство при работа со GMSS320-D од ГОМАТИК. Се разбира системот нема потреба за одржување.

Главна винкла

Лизчаката маса водена од двете главни лежишта, фабрички прецизно поставени, овозможува сигурна паралелност на материјалот со пилата низ годините.

Испишаната микрометарска скалана винклата многу го поедноставува мерењето.

Граничниците на винклата се лесни за движење и превртување.

На винклата има интегрирано дигитален мерач. Многу практичен елемент и лесен за работа кој овозможува брза и точна работа. Во секој момент може да се прочита моменталната димензија

Паралелен граничник

  • Лесен за прилагодување

Граничникот со микрометарско подесување, лизга по исполирана кружна цевка со помош на тркала и може лесно да се отстрани од работната маса. Димензијата се отчитува од дигитален покажувач.

  • Превртување

Тесни делови се сечат полесно и посигурно со превртување на граничникот. По превртување граничникот е висок само 10mm. Рацете на операторот се подалеку од сечилото и при наклон на сечилото има доволно достапно место за работа.

  • Наклон

Работните парчиња некогаш се малку поголеми? Нема проблем! Граничникот може да се ротира надвор од површината на масата.

Моќни агрегати

Покрај лизгачката маса, и главната пила е многу важен дел во оваа машина. Дизајнот на GOMATIC гарантира висок степен на работна сигурност, глатка и тивка работа. Ова значи целовремена достапноста и прецизноста во секојдневието од дрвопреработувачката…

Аголот на пилата се прилагодува преку рачно тркало. (0°- 45°) Системот за прилагодување со мерач е поставен лесно на дофат на предниот дел од машината.

Поткревањето на пилата е моторизирано. Линеарните водилки за потревање на пилата се отпорни на прав, што обезбедуваат прецизно потреквање.

Работа под агол

Едностран граничникот за кроење под агол кој му овозможува на операторот да сече тесни и широки парчиња прецизно на саканиот агол. Лесен е за прилагодување и вградување на лизгачката маса без алати во неколку лесни чекори.

Може да биде поставен и на главната винкла под агол како граничник за отсекување на долги и тесни работни парчиња.

Автоматско Подмачкување

Систем за автоматско подмачкување што обезбедува достапност без оддржување низ годините. Доволно е само дополнување со масло.